„Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“ е насловот на документарниот филм инспириран од легендарната изјава на Владо Илиевски, кој во четвртфиналето на ЕП 2011, го закопа домаќинот Литванија, кој важеше за голем фаворит и ја однесе Македонија во историско полуфинале.
Сниман е изминатовото лето, а во него сведоштвата ги раскажуваат 10 кошаркари од македонската репрезентација, четворица членови на стручниот штаб, тогашниот претседател на федерацијата, тројца новинари, двајца навивачи...
Идејата е на уредникот на порталот Кош.мк, Љумобир Ошавковски, а реализацијата на продукцијата „ТриСтар“ со поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет и Кошаркарската Федерација на Македонија.
На историските носталгични моменти од Литванија, премиерно ќе се потсетиме во два дела, сабота и недела на ТВ24 со почеток од 20:45.
Промо 1
Промо 2
Промоцијата на документарниот филм