Писма на читатели кои ги потпишуваме со две раце

Што, во Карпош нема медиумски мрак? Или па таму не се прават закани и притисоци? Или ВМРО нема доволно членови во таа општина? Не бе, просто е...

Да резимираме, може?

Звучи врло про-вмровски ако заклучам дека СДСМ (намерно не велам опозицијата) сноси огромна одговорност за состојбите во Македонија денес. Сега некој ко Орданоски или Борјан Јовановски би рипнале очи да ми вадат, демек одговорноста е пред сè кај тој што е на власт. Јас имам два амандмана на нивната (инаку сосема логична) замерка:

ЧИРАК, КАЛФА, МАЈСТОР...
Сè што Бранко и неговите во деведесеттите го смислија како систем, овие сегашниве го усовршија до совршенство.

Сакате да збориме за слобода на медиуми? Прашајте го Геро, Миле и Сашо како Панде ги ебеше кога го формираа "Дневник".

Сакате да збориме за право на предвремени избори? Прашајте го Љубчо кога собра 150.000 потписи за предвремени избори, а овие сменија закон во Собрание.

Сакате да збориме за ароганција на власта? Сетете се кога во 2004-та година на референдум за локална самоуправа на барањата на опозицијата Владата излезе со (исклучително недемократски и навредлив) слоган "За некои прашања не се дискутира!".

КУРТО И МУРТО
Тоа што во Македонија опозицијата губи седум пати по ред е затоа што немаме саглам опозиција.

Да не беше така - ќе тепаа. А не тепаат само затоа сто најсшрокото гласачко тело во нив не препознава никаков нов квалитет или особина - освен што се друга банда.

Таму кај што има исклучок на ова правило - тепаат.

Еве доказ: настрана и закани и притисоци, и медиумски мрак, и перење мозок - ама како бе во Карпош во втор круг влагаат еден бивш и еден сегашен кандидат на СДСМ, а (бајаги лошиот) кандидат на ВМРО го испуши (и патем, однапред знаевме дека ќе испуши!)?

Што, во Карпош нема медиумски мрак? Или па таму не се прават закани и притисоци? Или ВМРО нема доволно членови во таа општина? Не бе, просто е: лани во Скопје имаше поледица од Центар до "Рузвелтова" - ама од "Рузвелтова" натаму. нон-стоп работеа машините што ги купи Стевче.

Да се фатеше Бранко за лопата барем еднаш во овие 20 години, можда и ќе добиеше некој глас поише завчера.

НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ И ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Можеш ти да го мрзиш Груевски колку сакаш, ама он си е легитимен премиер избран со мнозинство гласови. Ако неговото владеењее го наречеш "ненароден резим", ги навредуваш оние кои го гласале него и неговата опција - и тоа не еднаш, него седум пати по ред. Ако го цинкаш во Брисел или пак пред странски амбасадори, не го цинкаш својот опонент туку премиерот на Република Македонија. А кога му ја рушиш тврдата позиција за името, не копаш негови темели, туку темели на сопствената држава. Може со жена до развод да ја дотераш, ама на што би личело тоа да идеш наоколу и да ја оговараш сопствената жена и мајка на твоето дете? А да не збориме за тоа што секој оној кој работи со институциите на власта го обвинуваат дека станал вмровец. Македонските успеси под ВМРО не се бројат? Ако Есма тепа на Евровизија (што нема да се случи, ама хипотетички) таа победа треба да ни е мрска само затоа што не е остварена во време кога Бранко е премиер?

ОТКРИВАЊЕ ТОПЛА ВОДА
Исправете ме ако грешам, ама во овие седум години не слушнавме ниту еден контра-аргумент на СДСМ кој завредува внимание.
Нивната главна теза со која идат против ВМРО е дека они се за Европа, а за Европа се пошто би наведнале кичма и потпишале сè што бараат Грците, само за ние да влеземе во ЕУ, а нив странците да ги подржат и да ги вратат на власт. Е па, идејата безусловно да се капитулира - и не е баш некоја идеја. Плус несто не гледам дека странциве по неделниот дебакл отидоа да го тешат Бранко.

Они се до толку неинвентивни што на онаков проект ко Скопје 2014 не можат не "дупка" да му најдат, него ни по површина да го загребат. А не ќе да е деформираниот споменик на Карев баш до толку неодбранлив бедем!
Единствено креативно што направија се амандманите на буџетот, така? Така. Океј. Ај да чуеме, памти ли некој од нас некој нивен амандман? Да не се заебаваме, не им беше нив до буџетот туку тоа беше уличарска финта на Бранко кој знае дека ВМРО има краток фитиљ: а малце подолго ги нервираш, они не издржуваат да не покажат сила. А кај што има сила - има и криза. Само што криза не е криза доколку не ги опфати и неопределените. А ко што видовме - не ги опфати, пошто луѓето баш ги заболе за буџет.

"КОЈ НЕ Е СО НАС - ТОЈ Е ПРОТИВ НАС" *
Пун ми е куферот од од сите оние кои ги прозиваат не-вмровците низ Македонија кои не се качиле на нивната Лада пред "Рекорд". Оти бе мислат дека сите паметни треба да се со нив, а сите глупи со нивните опоненти? И оти толку ги вреѓа кога не е така, а очигледно не е?

Моја граѓанска обврска е да уфрлам ливче во гласачка кутија - ако сакам. Све друго им е бонус кој треба да го заслужат.

* горниот слоган го смисли Муссолини.

потписник,
Трендо

(името на авторот познато на потписникот)

 

26 март 2013 - 09:05