Секогаш е убаво кога човек ќе се потсети на едни вакви високи дострели, особено оној кошаркарскиот кој засекогаш ќе остане историски во таа златна 2011-та во Литванија. Каков само конечен пласман беше тоа. Шпанија првак, Франција вицепрвак, Русија трета, Македонија четврта.
Грандиозен успех за македонскиот спорт. На 10 меча, јунаците на Марин Докузовски остварија скор од 7 победи и 3 порази. Балканската група ја почнаа со пораз од Црна Гора и потоа мелеа.
Мечот со Грците ни дојде во најнезгоден момент, односно во 3. коло, после пораз и тесна победа над Хрватска. Беше многу важен да се добие за да се остане во игра за втората групна фаза, а реално тежок со дополнителен набој.
Но Грците не само што паднаа на колена, туку загубија убедливо со 72:58. Македонските репрезентативци демонстрираа извонредна игра во одбрана, а во напад како и секогаш брилијантен беше Лестер Бо Мекејлеб со 27 поени.
Антиќ има учинок од 12 поени 8 скока, Гечевски и покрај тоа што имаше повреда, помогна со 11 коша и 6 скока, а џокерот од клупа Чековски уфрли ист број на поени како Тоше од кои три тројки.
Победата се славеше не само во сала, туку и низ улиците во цела Македонија, а нашите херои после тој триумф ги победија уште Финска и БиХ за пласман во втора рунда.
Ако ви се гледа цело газење