Какви се шансите на Македонија за пласман на ЕП 2025?

Со двата порази во Литванија во четири дена, Македонија уште повеќе си го отежна патот до кам бек на големите натпреварувања. Но, сепак шанси сè уште има.

После 4 одиграни кола, кошаркарите на Македонија се на третата позиција во Х групата со 5 бода, исто колку што има Полска на последната позиција.

Естонија и Литванија се на делба на прво и второ место со по 7 бода и според моменталната состојба, тие се учесници на Европско, заедно со Полска како еден од домаќините.

Репрезентативната кошарка ќе паузира три месеци и последните две кола се закажани за крајот на февруари.

Синоќешниот пораз на Македонија не значи крај на надежите за нашите кошаркари, бидејќи во наш прилог заврши другиот дуел на кој Естонија загуби дома од Полска.

За Македонија да се пласира на Европското кое стартува идната година на 27 август во Кипар, Финска, Полска и Летонија, потребно е следново:

На 21 февруари да слави на гости против Естонија со повеќе од 5 разлика, потоа на 24-ти да ја добие дома Полска, а истовремено да им се поклопи еден резултат, а тоа е Естонија да не ја победи Литванија на гости.

Маестралната партија на маестро Нено

Димитријевиќ: Мислам дека беше само силен грч и дека сè ќе биде во ред

25 ноември 2024 - 08:51