Ненад Димитријевиќ се повреди во последната четвртина, после феноменалната партија со историски учинок од 43 поени и според крикот кој се слушна во преносот на тв, не изгледаше дека ќе оди на добро повредата.
Но за сајтот на кошаркарската федерација на Македонија, даде оптимистична изјава.
„Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот.
Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо“- изјави Димитријевиќ по натпреварот.
Инаку Нено оствари личен рекорд од 43 поени до несреќната повреда на 6 минути до крајот и доколку останеше во игра, најверојатно ќе ја зголемеше таа цифра.
Македонија на првиот квалификациски меч против Литванија во Скопје, без Димитријевиќ, во првата четвртина постигна 9 поени, а синоќа во Клаипедира имаше 27 од кои 18 беа негови или вкупно 28 во првото полувреме.