Таг: ненад димитријевиќ

Партија на кариерата за Нено против ЦСКА на Рајковиќ, ги уништи со 40 поени

Македонскиот дуел во рускиот кошаркарски шампионат му припадна на Ненад Димитријевиќ кој блесна против ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ. Му се насмевнува МВП признанието.

Како Нено ја работеше полската одбрана

Плејмејкерот на Уникс Казан синоќа ја одигра една од најјаките партии во дресот на Македонија, која ја оствари една од највисоките гостински победи во историјата. Димитријевиќ беше маестрален со 32 поени, 8 скока и 8 асистенции и едноставно беше незадржлив. Погледнете по колку играчи го опколуваа и не можеа да го сопрат.

Фантастична компилација на потези од Ненад Димитријевиќ

Позајмицата од Валенсија во Уникс Казан, на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ му ја донесе сезоната на кариерата. Ја заврши со 47 настапи од кои на 46 беше стартер, со просек од 15,8 поени, 5,3 скока, 3,2 асистенции, 1,2 украдени топки. Ја освои титулата во рускиот шампионат, прва и за него и за клубот и згора на сè беше прогласен за МВП на плејофот. ВТА лигата му посвети топ видео.

Растур систем на Нено Димитријевиќ против Зенит

Македонскиот репрезентативец ја одигра можеби една од најјаките партии во кариерата. Го разнесе Зенит со 32 поени и е на чекор до финале во рускиот шампионат.

Нова атрактивна тројка на Нено, Македонија од -11 до триумф над Словачка

Само три дена откако погоди од паркинг и ја замолкна Данска, Ненад Димитријевиќ одново воодушеви со шут за тројка од тешка позиција, а во финишот погоди уште една со која го отпиша противникот.

Ремек делото на Нено од пола терен за победа на Македонија над Данска

Македонската кошаркарска репрезентација приреди лудачки финиш во првиот претквалификациски дуел за ЕП 2025. При нерешен резултат, на премалку секунди да се организира последен напад, Ненад Димитријевиќ ги смрзна Данците во стилот на Стефон Кари.

Атрактивна асистенција на Нено во стилот на Јокиќ

Кошаркарите на Валенсија го совладаа фрацускиот прволигаш Метрополитан со 98:85 и со тоа обезбедија пласман во полуфиналето од Еврокупот. Нашиот Димитријевиќ одигра 14 минути и оствари учинок од 4 поени, 1 скок и 3 асистенции. Една од нив беше во центарот на вниманието.

Сјајна партија на Нено Димитријевиќ против ѕвездите на Барселона

Само два дена откако го загуби големото финале на Евролига, Барселона успеа да се опорави и со 84:74 да го совлада Хувентуд во првиот дуел од четвртфиналето на шпанскиот плејоф. Нашиот најдобар кошаркар Димитријевиќ постигна 16 поени со 3 асистенции и 1 скок за 18 минути на паркетот.

Бананата на Нено меѓу подобрите потези на колото во Шпанија

Двајца кошаркарски репрезентативци на Македонија беа во изборот на најдобри потези од претходното коло во шпанската Ендеса лига. Ненад Димитријевиќ на мечот против Уникаха залепи врвна банана, а натурализираниот Џејкоб Вајли куцаше во НБА стил против Реал Мадрид.

Нова блескава партија на Нено, го води Хувентуд во плејоф

Кошаркарите на Хувентуд ја забележаа и втората победа по ред. Овојпат во 34. коло ја совладаа Манреса со убедливи 96-68. Лидерот на македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ постигна 14 поени, 2 скока и 3 асистенции за скоро 21 минута на паркетот.

Нено растура во Шпанија, Хувентуд со него пред плејоф

Тимот на Хувентуд и натаму ги чува шансите да игра во плејофот на шпанската АЦБ лига каде во 1. коло најверојатно ќе се судрат со Барселона. Најзаслужен за победата со која Хувентуд прекина серија од 3 порази беше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ.

Нов јак потег на Нено кој ја изработи цела одбрана

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 7 коша за Хувентуд на гостувањето против Естудијантес, а во еден момент се претвори во Лука Дончиќ под кош. Коментаторот се воодушени.

Кога Шпанците се држеа за глава за потегот на Нено против Барса

Феноменалната партија на Димитријевиќ против Италија не треба да претставува изненадување, затоа што Македонија во ова дете доби плејмејкер со голем квалитет и потенцијал кој има високи цели. Вртоглавица имаа Каталонците кога им ја направи финтата на влез.

Лудата тројка на Нено од пола терен и цепелинот на Бајли

Македонската кошаркарска репрезентација направи сензационален пресврт против Италија и ја совлада со 87:78 со што остана во игра за пласман на ЕП. Ги издвојуваме тројката на Ненад Димитријевиќ и цепелинот до Американецот Бајли. Браво момци.

Нено наш ја понижи Барселона со дриблингов

Задолжително видео од викендов за цела македонска кошаркарска јавност па и пошироко е потегов на 21 годишниот Ненад Димитријевиќ на мечот за својот Хувентуд против Барселона. Коментаторите се во транс, а од публика за глава се држеа кога го видоа влезот и финтата на македонскиот репрезентативец. Спектакл.