По големото искуство во Шпанија и Русија, Ненад Димитријевиќ ќе дебитира на третата голема сцена, а тоа е италијанската во дресот на Олимпија Милано.
Но овој пат со нов голем предизвик, а тоа е настап во Евролигата за кој вели дека му е исполнување на детскиот сон.
„Среќен сум и чест ми е што сум тука и што сум дел од ваков исторски клуб. Што ќе ја делам соблекувалната со овие момци и со оние кои веќе се тука. Целта во кариерата ми е да освојувам што повеќе трофеи, а тоа што сум тука ми дава големи шанси. Ќе работиме многу и ќе се обидеме да имаме успешна сезона“.
„Ми се исполни сонот, бидејќи Евролигата ја следам уште од 5 години. Изгледав многу натпревари и ова ќе ми биде голема чест. Сакам да покажам дека сум подготвен за предизвикот“.
По завршување на промоцијата, Нено заедно со новите соиграчи делеа автограми.
Неговиот дел е на 19:20 и 25:20 на видеото.
Пред три дена имаше и интервју за клупскиот канал на Олимпија Милано