Уникс Казањ и Локомотив Кубањ одиграа мајсторка во полуфиналето од ВТБ лигата која ја реши Ненад Димитријевиќ.
Македонскиот репрезентативец имаше блескав настап на кој запиша 31 поен, 6 скока и 6 асистенции за триумф од 92:87.
Тој беше најдобар поединец на мечот на кој постигна важни поени во финишот. Цела сала во Кубањ му скандираше „МВП“, признание кое го освои лани.
Уникс ќе се соочи со ЦСКА Москва, како реприза на ланското финале и со тоа ќе има можност да го брани трофејот.