
Кошаркарите на Зенит го добија Дубаи со 107:103 после неверојатен пресврт откако во третата четвртина губеа со 19 поени разлика.
Мечот донесе драматичната завршница, а клучниот потег го направи Трент Фрејзер, кој на 27 секунди до крај погоди тројка за водство, кое Зенит успеа да го сочува до крај.
Ненад Димитријевиќ блескаше на терен и беше еден од најзаслужните за победата.
За 24 одиграни минути оствари 23 поени, 8 асистенции и 4 скока, како и 5 тројки.
Во финалето од ВТБ Суперкупот, Зенит ќе се соочи со својот најголем ривал, ЦСКА Москва, која во другото полуфинале ја елиминираше Црвена Звезда.
Alley-oop connection. Neno lobs it 🚀, @AlexTheGreat22 throws it down 🔨 pic.twitter.com/ebMeo7j8do
— Zenit Basketball Club (@zenitbasket) September 24, 2025