Позајмицата од Валенсија во Уникс Казан, на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ му ја донесе сезоната на кариерата. Ја заврши со 47 настапи од кои на 46 беше стартер, со просек од 15,8 поени, 5,3 скока, 3,2 асистенции, 1,2 украдени топки. Ја освои титулата во рускиот шампионат, прва и за него и за клубот и згора на сè беше прогласен за МВП на плејофот. ВТА лигата му посвети топ видео.