Ремек делото на Нено од пола терен за победа на Македонија над Данска

Македонската кошаркарска репрезентација приреди лудачки финиш во првиот претквалификациски дуел за ЕП 2025. При нерешен резултат, на премалку секунди да се организира последен напад, Ненад Димитријевиќ ги смрзна Данците во стилот на Стефон Кари.

Македонија на 2 минути до крај губеше 70:68, а Ненад Димитријевиќ најпрвин го изедначи резултатот и по промашениот зицер на домаќините, на херојски начин, со звукот на сирената донесе триумф над Данска од 70:73.

Плејмејкерот на Уникс Казан беше најдобар поединец со 29 поени, а со двоцифрен број на поени мечот го завршија и Војдан Стојановски и Стојан Ѓуровски кои учествуваа со по 10.

За македонската кошаркарска репрезентација ова е важна победа уште на стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2025, а воедно и успешно деби на селекторот Александар Јончевски.

Немаат многу време за одмор, бидејќи второто коло го играа веќе в недела против Словачка во салата Кале.

26 август 2022 - 08:01