Загреб ја нагости кошаркарката елита во чест на великанот Дражен Петровиќ. Се одигра ревијален натпревар, бидејќи оваа година на 22 октомври требаше да наполни 60 години.
Играа селекцијата на Хрватска против Тимот на Дражен составен од ѕвезди од Евролигата кој го предводеше Жељко Обрадовиќ. Во него имаше и македонски претставник, а тоа е Нено Димитријевиќ кој постигна 9 поени.
На спектаклот беа присутни многу славни гости, како соиграчите на Дражен од поранешна Југославија, предводени од неговиот брат Аца Петровиќ, потоа Владе Дивац, Тони Кукоч, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ, Жарко Паспаљ...
Во публика можеа да се забележат и Светислав Пешиќ, Александар Џикиќ, Хорхе Гарбахоса, Лука Дончиќ...
Меѓу третата и четвртата четвртина се случи кулминација од емоции откако организаторите решија да им ја заледат крвта на присутните.
Дражен Петровиќ беше ставен на холограм од кој згрми неговиот глас со обраќање до златната генерација која го освои среброто на Олимписките игри во Барселона 1992.
„Поздрав до сите, големо е задоволството да ве видам во толкав број. Голема е честа да се потсетиме на олимпиското финале против американскиот дрим тим во Барселона и што стојам блиску до моите златни соиграчи. Уживајте во остатокот од мечот“, гласеше пораката од холограмот.
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) September 5, 2024
El ambiente en el partido homenaje a Drazen Petrovic 🥹🙌
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) September 5, 2024
🎥 @IgorRadic5 pic.twitter.com/LvpRNaOMdk
Basketball legends are in the house 🏀
— Basketball Sphere (@BSphere_) September 5, 2024
Vlade Divac, Toni Kukoc, Dino Radja, Ergin Ataman, Aleksandar Dzikic, Jorge Garbajosa, and many others - for the Drazen Petrovic memorial game, organized by his brother Aleksandar Petrovic (@petrov_aco)
📍 Arena Zagreb pic.twitter.com/HlFxLlMHUD