Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Само неколку дена по дабл-дабл учинокот против Болоња, Нено ја суреди и Олимпија Милано на Еторе Месина, каде имаше куса епизода со мала минутажа.

Баерн Минхен славеше над Олимпија Милано со 94:84 и сега има учинок од 17-20 во Евролигата, како и тешко гостување кај Барселона.

Ненад Димитријевиќ одигра нов одличен евролигашки натпревар со 21 индекс поен.

Средбата ја заврши со 15 поени, 4 скока и 4 асистенции, потврдувајќи ја добрата форма, најпрвин против Виртус Болоња, а синоќа и над својот поранешен тим.

Админот на Баерн инвентивен со Нено

10 април 2026 - 09:26