Димитријевиќ диригираше со 13 асистенции за дабл-дабл и нов триумф на Арис

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните партии во дресот на Арис, предводејќи го својот тим до нова победа во Еврокупот.

Во натпреварот од 8. коло во салата „Никос Галис“ во Солун, грчкиот состав го совлада француски Ле Ман со 96:86.

Димитријевиќ беше вистински диригент на теренот и го забележа својот прв дабл-дабл учинок во дресот на солунскиот клуб.

За нешто повеќе од 27 минути поминати на паркетот, македонскиот плејмејкер запиша 11 поени, 13 асистенции и 4 скока.

Со овој триумф, Арис стигна до седмата победа во осум одиграни кола и останува на самиот врв во групата А.

Одличната форма на Димитријевиќ доаѓа само неколку дена по неговата блескава партија и 19-те поени во големата победа на Арис над Олимпијакос во грчкото првенство.

19 ноември 2026 - 08:17