Таг: ненад димитријевиќ

Сјајна партија на Нено Димитријевиќ против ѕвездите на Барселона

Само два дена откако го загуби големото финале на Евролига, Барселона успеа да се опорави и со 84:74 да го совлада Хувентуд во првиот дуел од четвртфиналето на шпанскиот плејоф. Нашиот најдобар кошаркар Димитријевиќ постигна 16 поени со 3 асистенции и 1 скок за 18 минути на паркетот.

Бананата на Нено меѓу подобрите потези на колото во Шпанија

Двајца кошаркарски репрезентативци на Македонија беа во изборот на најдобри потези од претходното коло во шпанската Ендеса лига. Ненад Димитријевиќ на мечот против Уникаха залепи врвна банана, а натурализираниот Џејкоб Вајли куцаше во НБА стил против Реал Мадрид.

Нова блескава партија на Нено, го води Хувентуд во плејоф

Кошаркарите на Хувентуд ја забележаа и втората победа по ред. Овојпат во 34. коло ја совладаа Манреса со убедливи 96-68. Лидерот на македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ постигна 14 поени, 2 скока и 3 асистенции за скоро 21 минута на паркетот.

Нено растура во Шпанија, Хувентуд со него пред плејоф

Тимот на Хувентуд и натаму ги чува шансите да игра во плејофот на шпанската АЦБ лига каде во 1. коло најверојатно ќе се судрат со Барселона. Најзаслужен за победата со која Хувентуд прекина серија од 3 порази беше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ.

Нов јак потег на Нено кој ја изработи цела одбрана

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 7 коша за Хувентуд на гостувањето против Естудијантес, а во еден момент се претвори во Лука Дончиќ под кош. Коментаторот се воодушени.

Кога Шпанците се држеа за глава за потегот на Нено против Барса

Феноменалната партија на Димитријевиќ против Италија не треба да претставува изненадување, затоа што Македонија во ова дете доби плејмејкер со голем квалитет и потенцијал кој има високи цели. Вртоглавица имаа Каталонците кога им ја направи финтата на влез.

Лудата тројка на Нено од пола терен и цепелинот на Бајли

Македонската кошаркарска репрезентација направи сензационален пресврт против Италија и ја совлада со 87:78 со што остана во игра за пласман на ЕП. Ги издвојуваме тројката на Ненад Димитријевиќ и цепелинот до Американецот Бајли. Браво момци.

Нено наш ја понижи Барселона со дриблингов

Задолжително видео од викендов за цела македонска кошаркарска јавност па и пошироко е потегов на 21 годишниот Ненад Димитријевиќ на мечот за својот Хувентуд против Барселона. Коментаторите се во транс, а од публика за глава се држеа кога го видоа влезот и финтата на македонскиот репрезентативец. Спектакл.