Нено растура во Шпанија, Хувентуд со него пред плејоф

Тимот на Хувентуд и натаму ги чува шансите да игра во плејофот на шпанската АЦБ лига каде во 1. коло најверојатно ќе се судрат со Барселона. Најзаслужен за победата со која Хувентуд прекина серија од 3 порази беше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ.

Хувентуд со 90:85 го победи Тенерифе а Ненад Димитријевиќ уфрли 23 поени (7/8 за два и 3/5 од за три поени) со 4 скока и 2 асистенции

По 31 одигран меч, Хувентуд има 17 победи и 14 порази и се наоѓа на 7 место. Во шпанската АЦБ лига првите 8 екипи играат плејоф, разигруваат за титулата. Во моментов Реал Мадрид е убедливо прв со 62 бода (31 победа - 1 пораз). Барселона е втора со 56 бода (28 триумфи - 4 порази). До крајот Хувентуд треба да одигра уште 5 меча и ќе води жестока битка за место во плејофот

26 април 2021 - 10:32