Изданието на нашите кошаркарите во второто полувреме беше едно од најдобрите во последните години. Успеаа да го совладаат фаворитот Италија и тоа го страшен пресврт и атрактивни потези.
Македонија пред крајот на првото полувреме губеше 34:50 и со фантастична игра во одбрана успеа да ја анулира големата предност на Италијанците од 16 коша разлика, а на крај да слави со +9.
Главни актери во триумфот беа Ненад Димитријевиќ со 22 поени, 7 асистенции и 5 скока и Андреј Магдевски со 20 поени, 4 асистенции, 4 скока и 4 украдени топки.
Потегот број 1 на мечот беше тројката на Нено кој со звукот на сирената во трета четвртина ја искина мрежиката од пола терен.
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 21, 2021
Потоа изрежира цепелин во соработка Бајли.
Light work for @Jwiley_24 up there 🔝#EuroBasket pic.twitter.com/zpg4qBAWZT
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 21, 2021
Македонската репрезентација за пласман на ЕП 2022 утре со почеток од 15 часот треба да ја совлада Естонија со минимум 10 поени разлика, бидејќи на првото соочување со нив загуби со -9.