Бананата на Нено меѓу подобрите потези на колото во Шпанија

Двајца кошаркарски репрезентативци на Македонија беа во изборот на најдобри потези од претходното коло во шпанската Ендеса лига. Ненад Димитријевиќ на мечот против Уникаха залепи врвна банана, а натурализираниот Џејкоб Вајли куцаше во НБА стил против Реал Мадрид.

Забивањето на Вајли е на 3. место на листата најдобри потези, а Димитријевиќ е 7. место:

Димитријевиќ имаше нова сјајна партија, овојпат во поразот на неговиот тим 102:93 на гостувањето кај Уникаха. Ненад уфрли 27 поени со 8 асистенции за 29 минути на паркетот

4 мај 2021 - 07:54