Нова блескава партија на Нено, го води Хувентуд во плејоф

Кошаркарите на Хувентуд ја забележаа и втората победа по ред. Овојпат во 34. коло ја совладаа Манреса со убедливи 96-68. Лидерот на македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ постигна 14 поени, 2 скока и 3 асистенции за скоро 21 минута на паркетот.

Хувентуд се надева дека до крајот на првенството ќе се искачи над 7. место на табелата за да избегне средба со Барселона во првото коло од плејофот. На 6. место е Сан Пабло Бургос со победа повеќе.

 

29 април 2021 - 08:44