Ненад Димитријевиќ е во топ форма. Одигра маестрална партија и го предводеше грчки Арис до убедлива победа од 93-80 против шпанската екипа Сан Пабло Бургос. Македонскиот репрезентативец за 22 минути игра забележа фантастични 21 поен, 6 асистенции и 2 скока и го заврши мечот како прв стрелец.