Ненад Димитријевиќ одигра маестрална партија за Уникс Казан против Зенит во петиот меч од полуфиналната серија во ВТБ лигата и со водство од 3:2 се многу блиску до финале.
За 35 минути на теренот, македонскиот бек постигна 32 поени, 6 скока и 6 асистенции (3/6 за три поени, 6/10 за два и беспрекорни 11/11 од линијата за слободни фрлања).
Заслужено е прогласен и за играч на натпреварот кој неговиот тим го доби со 78:63.
Шестиот натпревар меѓу се игра в сабота, а домаќин ќе биде Зенит.