Македонската кошаркарска репрезентација славеше и во второто коло од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година, во кое ја победи Словачка на Кале со 79:75.
Нашите кошаркарите повторно се изнамачија за да победат и бркаа негатива од 53:42, која ја имаа во третата четвртина.
Тогаш го подигнаа нивото на играта и до крајот на третиот период намалија на -4, а во последната четвртина ја стегнаа одбрана и за 10 минути игра примија само 12 поени.
Ненад Димитријевиќ повторно беше најефикасен во македонскиот национален тим со 20 поени, а најголема помош доби од Војдан Стојановски и Андреј Јакимовски кои постигнаа по 15, како и Стојан Ѓуровски со 12.
По две одиграни кола, во нашата група Македонија и Норвешка имаат по две победи, а Словачка и Данска по два порази.
Следниот меч го играме на 10 ноември против Норвешка во Скопје.
Двете тројки на Нено
Важна тројка во пресвртот, како и поени под кош постигна и 21 годишниот Јакимовски.