Документарецот за историскиот успех на кошаркарите во Литванија 2011 ќе биде дел од меѓународниот фестивал за спортски филм во Милано кој стартува денеска и ќе трае до 13 ноември.
На фестивалот со четиридецениска традиција кој се смета за неофицијално Светско првенство, ќе бидат прикажани 140 филмови од 130 држави во категориите: Олимписки игри, документарни филмови, ТВ шоу – нова технологија, спорт и општество, спорт и инвалидитет, игран филм, спортски реклами и игран филм и ТВ фудбал.
„Леле луѓе што направивме“ кој во Златибор доби награда за особен продонес, ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови.
Ѕвезда на вечерта ќе биде славниот чешки фудбалер Јан Колер.