„Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред 10 години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија“, напиша ФИБА ЕуроБаскет на својата Фејсбук страна и сподели видео од драмата.
Литванија како домаќин и фаворит го загуби четвртфиналето на крај, нашиот коментатор го загуби гласот, а Владо Илиевски по епската тројка ја повторуваше на микрофон фразата од насловот која стана наше спортско обележје.
Една од најголемите радости во историјата на македонскиот спорт ја донесоа златните момци на Марин Докузовски:Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Тодор Гечевски, Ѓорги Чековски, Владо Илиевски, браќата Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Предраг Самарџиски, Димитар Мираковски, Марко Симоновски, и Ивица Димчевски.
По историскиот 14 септември, Македонија во полуфинале ја доби Шпанија на која и парираше машки, но не можеше до уште една сензација. Предводени од браќата Гасол, Наваро, Љуљ и компанија, Шпанците славеа 92:80, а во финале ја победија Франција и станаа европски прваци
Во групната фаза на првиот меч Македонија загуби од Црна Гора и потоа ги потопи сите: Хрватска, Грција, Финска и БиХ. Во мечот за трето место загуби од Русија и си замина дома со историско четврто место. Плоштадот беше полн до даска за голема фешта.
Ова се спомени кои никогаш нема да избледат од меморија.
14.09.2011 е денот кога Владо Илиевски рече „ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ“, поминаа 10 години од неверојатната завршница против Литванија за влез во историското полуфинале. Да се потсетиме како тоа изгледаше. pic.twitter.com/xkdPqB97Em
— 𝙎𝙥𝙤𝙧𝙩 𝙇𝙞𝙛𝙚 (@SportLifeBet) September 14, 2021
VLAAAAADO ILIEVSKI! 🗣️📢#MemoryMonday: 10 years ago, 🇲🇰 shocked 🇱🇹 for one of the greatest upsets in #EuroBasket history! 😲 pic.twitter.com/CylktMAOh0
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 13, 2021
Кој ќе речеше дека на крај вака може да изгледа табелата.