Најлудачката и најлегендарната тројка во историјата на македонската кошарка бележи 10 години од постоењето. Ја постигна Владо Илиевски на ЕП 2011 и тоа против домаќинот Литванија на 11 секунди до крај. Цел живот ќе не ежи.
Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?
Македонската кошаркарска репрезентација го заокружи петтиот Евробаскет во својата историја. Конечниот пласман во Хрватска не е прв со ваков очаен крај. Исто беше и во Словенија и Полска.
Најдобрите македонски кошаркари направија голем чекор кон пласманот во втората фаза на ЕП во Хрватска, откако попладнево го совладаа директниот ривал за такво нешто, Холандија со 71:78.
Македонската кошаркарска репрезентација и петтиот континентален шампионат го започна со пораз. Еден од фаворитите за завршницата, репрезентацијата на Грција триумфираше 85-65 (16-23, 15-15, 19-21, 15-26)
На натпреварите од седмото коло на кошаркарската Евролига, победи остварија Перо Антиќ со Олимпијакос и Лестер Мекејлеб со Фенербахче, а Предраг Самарџиски и Владо Илиевски беа поразени.
Во шестото коло од најелитното европско клупско натпреварување Владо Илиевски и Цедевита по две продолженија успеаја да и го нанесат првиот пораз на екипата на Жалгирис.
Потпросечно издание на тројцата македонските претставници кои на денешните натпревари од Евролигата постигнаа вкупно шест поени. На „македонското дерби“ во четвртото коло, Антиќ со Олимпијакос прослави победа над Цедевита на Илиевски.
Од четворицата македонски претставници, само Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче забележа победа, а Перо Антиќ, Владо Илиевски и Предраг Самарџиски претрпеа порази во второто коло од кошаркарската Евролига.
Македонските претставници во кошаркарската Евролига имаа половичен успех на стартот од новата сеона. Перо Антиќ и Лестер Мекејлеб забележаа победи, а Владо Илиевски и Предград Самарџиски претрпеа порази.
Денес стартува новата сезона на најелитното европско кошаркарско натпреварување. Перо Антиќ со Олимпијакос ќе ја брани титулата во Евролигата, а дел од ова натпреварување ќе бидат и Владо Илиевски, Предраг Самарџиски и Лестер Бо Мекејлеб.