Перо Антиќ со Олимпијакос со победа тргнаа во одбрана на титулата во Евролигата. Актуелниот шампион ја победи екипата на Каха Лаборал со 85:81. Антиќ имаше солиден учинок од 9 поени и 3 скока за скоро 20 минути игра.
Најефикасен од македонските претставници во Евролигата беше Лестер Бо Мекејлеб кој на паркетот помина 26 минути и имаше учинок од 17 поени, 4 асистенции и 2 скока при победата на Фенербахче над рускиот Химки од 92:80.
Предраг Самарџиски со Литвос Ритас беа минимално поразени на гостувањето кај фаворизираната ЦСКА од Москва. Русите славеа со 75:72, а Самарџиски одигра 23 минути и забележа 5 поени и 5 скокови.
Најтежок пораз во првото коло забележа Владо Илиевски. Цедевита загуби на гостувањето кај Жалгирис со 90:62, а Илиевски постигна 8 поени за 22 минути игра.
ЕВРОЛИГА – 1. КОЛО:
ГРУПА А:
Фенербахче - Химки 92:80
Канту - Олимпија 71:84
петок
21.30 Реал Мадрид - Панатинаикос
ГРУПА Б:
Шалон - Проком 81:74
Уникаха - Макаби 80:85
петок
20.45 Сиена - Алба
ГРУПА Ц:
Жалгирис – Цедевита 90:62
Олимпијакос - Каха Лаборал 85:81
петок
20.45 Армани Милано - Анадолу Ефес
ГРУПА Д:
ЦСКА - Литвос Ритас 75:73
петок
18.30 Барселона - Бамберг
19.00 Бешикташ - Партизан