Илиевски му го нанесе првиот пораз на Жалгирис

Во шестото коло од најелитното европско клупско натпреварување Владо Илиевски и Цедевита по две продолженија успеаја да и го нанесат првиот пораз на екипата на Жалгирис.

На Цедевита и беа потребни две продолженија да го победи Жалгирис. Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултатот 85:85, а по првото продолжение беше 100:100.

Владо Илиевски со 16 поени одигра важна улога при нанесувањето на првиот пораз на Жалгирис. Во второто продолжение тој постигна тројка и ги реализираше двете последни слободни фрлања за конечни 108:106.

Литвос Ритас чиј член е Предраг Самарџиски загуби на домашен терен од ЦСКА Москва со 62:71. Репрезентативниот центар одигра 9 минути и имаше учинок од само 1 скок и 1 асистенција.

Поразена беше и екипата на Фенербахче Улкер на гостувањето кај Химки со 71:70. Лестер Бо Мекејлеб не настапи на овој натпревар заради повреда.

Кошаркарите на Химки стигнаа до победата благодарение на поение на Келвин Риверс со истекот на времето, а судиите по прегледувањето на снимките решија да го признаат овој поен затоа што црвеното светло на таблата има приоритет во однос на сирената.

Перо Антиќ со Олимпијакос во петок и гостуваат на екипата на Каха Лаборал.

ЕВРОЛИГА 6. КОЛО:

ГРУПА А
Химки - Фенербахче 71:70
Олимпија - Канту 81:79
Панатинаикос - Реал Мадрид 79:68
ТАБЕЛА: Реал 4-2, Химки 4-2, Фенербахче 3-3, Панатинаикос 3-3, Канту 2-4, Олимпија 2-4.

ГРУПА Б
Макаби - Уникаха 62:64
Проком - Шалон 70:76
Алба - Монтепаски 72:75
ТАБЕЛА: Макаби 5-1, Уникаха 5-1, Монтепаски 3-3, Алба 2-4, Шалон 2-4, Проком 1-5.

ГРУПА Ц
Цедевита - Жалгирис 108:106 (по продолженија)
петок:
Каха Лаборал - Олимпијакос
Ефес - Армани
ТАБЕЛА: Жалгирис 5-1, Ефес 3-2, Олимпијакос 3-2, Армани 2-3, Цедевита 2-4, Каха Лаборал 1-4.

ГРУПА Д
Литвос Ритас - ЦСКА 62:71
Бамберг - Барселона 66:86
Партизан - Бешикташ 87:72
ТАБЕЛА: Барселона 6-0, ЦСКА 5-1, Бешикташ 3-3, Бамберг 2-4, Лијетувос Ритас 1-5, Партизан 1-5.

15 ноември 2012 - 23:36