Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ со Олимпијакос тргнува во одбрана на титулата во новата сезона на променетата Евролига.
Промените се однесуваат на деновите на одигрување на натпреварите и на системот на натпреварување во втората фаза.
Наместо среда и четврток, заради поголема гледаност, оваа сезона натпреварите ќе се играат во четврток и петок.
Првата фаза останува иста, односно 24 екипи се поделени во четири групи од по четири тимови, а во следната фаза ќе одат четирите најдобри од секоја група.
Наместо досегашните четири групи, во Топ 16 фазата сега екипите ќе бидат поделени во две групи со осум тимови. Овој систем овозможува повеќе квалитетни натпревари пред четвртфиналето.
Фајнал фор турнирот ќе се одржи од 10 до 12 мај во Лондон.
Освен Перо Антиќ, оваа година ќе учествуваат и Владо Илиевски со Цедевита, Предраг Самарџиски со Литвос Ритас и Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче.
ЦСКА Москва главен фаворит
Исто како и минатата сезона и овој пат кладилниците најголеми шанси и даваат на екипата на ЦСКА од Москва. Коефициентот за нивни триумф изнесува 4,25.
Следи Барселона со 5, Реал Мадрид со 5,5 коефициентот на Фенербахче изнесува 8, а 5-ти фаворите е актуелниот шампион Олимпијакос со коефициент 9.