Европскиот шампион се намачи со Цедевита која беше блиску до изненадување во Атина, но Олимпијакос во финишот успеа да оствари победа од 79:77.
Перо Антиќ одигра 17 минути и имаше учинок од 7 скокови, а Владо Илиевски за 15 минути забележа по 2 поени, асистенции и скокови и 1 украдена топка.
Предраг Самарџиски со Литвос Ритас загуби на гостувањето кај Бросе Баскет со 84:78. Македонскиот репрезентативец постигна 4 поени, а имаше и по 1 скок и асистенција.
Единствен на висината на задачата во четвртото коло беше Лестер Бо Мекејлеб кој синоќа постигна 13 поени во победата од 73:64 на Фенербахче над Панатинаикос.