Лестер Бо Мекејлеб го предводеше Фенербахче Улкер до победа од 75:81 на гостувањето кај Унион Олимпија. Тој беше беше најефикасен кошаркар на натпреварот и покрај тоа што заради повреда на глуждот го напушти паркетот во последната четвртина и одигра само 25 минути. Мекејлеб постигна 17 поени, а забележа и 5 асистенции и 4 скокови
Останатите македонски претставници во Евролигата беа поразени во ова второ коло.
Перо Антиќ одигра 16 минути за Олимпијакос на гостувањето кај Ефес и постигна 5 поени и 4 скокови, а неговиот тим загуби со 98:72.
Владо Илиевски со Цедевита ја пречекаа екипата на Емпорио Армани и загубија со 71:83, а нашиот поранешен репрезентативец реализираше само 2 поени 1 асистенција за 15 минути игра.
Вчера, Литвос Ритас на Предраг Самарџиски загуби на домашен терен од Барселона со 49:67. Самарџиски на паркетот помина 14 минути и имаше учинок од 4 поени, 4 скокови и 2 блокади.