
Хрватскиот тим Цедевита го забележа и 6-от пораз во 8-то коло. Овој пат тие загубија на домашен терен од Анадолу Ефес со 73:81. Владо Илиевски одигра 27 минути и постигна 7 поени, 2 скокови и 1 асистенција.
Литвос Ритас не успеа да го изненади Партизан и во финишот загуби со 75:74. Македонскиот интернационалец одигра 7 минути на 7-от пораз за неговиот тим и имаше скромен учинок од 1 поен, 1 скок и 1 блокада.
Во петок Лестер Мекејлеб гостува кај Реал Мадрид, а Перо Антиќ со актуелниот шампион Олимпијакос му гостиваат на Жалгирис.