Перо Антиќ со европскиот шампион Олимпијакос го совладаа Анадолу Ефес со високи 75:53. Антиќ одигра 21 минута и реализираше 5 поени и 3 скокови.
Убедлива победа прослави и Лестер Бо Мекејлеб. Фенербахче ја победи Олимпија со 85:68, а Мекејлеб по опоравувањето од повредата одигра 17 минути за кои постигна 13 поени, а оствари и 4 асистенции.
Предраг Самарџиски одигра 24 минути за Литвос Ритас при поразот од 90:66 кај Барселона. Репрезентативниот центар учинок од 10 поени и 4 скокови.
Пораз забележа и Владо Илиевски. Цедевита загуби со 75:60 на гостувањето кај Емпорио Армани, а Илиевски за 22 минути игра постигна 5 поени и 4 асистенции.