
Најдобрите македонски кошаркари одлично го отворија натпреварот и поведоа 7-1, но Грците со кратка серија од 8-0 го превземаа водството 9-7.
Хелените до крајот на првиот дел јо одржуваа предноста која во еден момент изнесуваше највисоки 19-9. Бурусис со шест и Ник Калатес со пет поени беа најефикасни во првата четвртина.
Во вториот квартал, за три поени погодија Костоски и Војдан Стојановски по што стигнавме на 25-26, но добриот напад не го крунисавме со сигурна одбрана и Грција преку Слукас повторно се одлепи на седум поени разлика на полувремето (31-38)
Прв стрелец кај Грците беше Јоргос Принтезис со 18 поени, а веднаш до него беше центарот Бурусис со 16. Во нашиот состав, Александар Костоски одигра фантастичен меч со 20 поени, а Војдан Стојановски уфрли 13.
Веќе утре од 15:00 часот, нашите кошаркари го играат можеби најважниот дуел за евентуален пласман во втората фаза, против Холандија, селекција која денес ја совлада Грузија и го направи најголемото изненадување на денот.