Во 2. коло од македонската прва лига, Гостивар изгуби од Куманово 75-63 во меч во кој тренерот на Гостиварци Марјан Србиновски на тајм-аут како кочијаш ги пцуеше своите пулени. Мечот го пренесуваше Македонската радио телевизија па гледачите ги изеде туѓ срам.
Со четири порази на пет натпревари, на нашите репрезентативци не им преостанува ништо друго освен да ги спакуваат куферите и да се вратат дома. Попладнево во Загреб, Словенија - Македонија 62-51 (24-10, 7-14, 21-17, 10-10).
Најдобрите македонски кошаркари направија голем чекор кон пласманот во втората фаза на ЕП во Хрватска, откако попладнево го совладаа директниот ривал за такво нешто, Холандија со 71:78.
На прес конференцијата после мечот со Грција во првото коло, македонскиот селектор Марјан Србиновски изјави дека Владо Илиевски играл со температура и дека неговите избраници го пружиле максимумот.
Македонската кошаркарска репрезентација и петтиот континентален шампионат го започна со пораз. Еден од фаворитите за завршницата, репрезентацијата на Грција триумфираше 85-65 (16-23, 15-15, 19-21, 15-26)
Младиот Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски се кошаркарите кои отпаднаа од конечниот список на кошаркари кои ќе играат за Македонија на претстојното Европско првенство кое се игра во четири земји.