Фотографии кои треба да се закачат во секое училиште во Македонија

Тоа се луѓе кои, секој на свој начин му пркосеа на синдромот на ниска вредност и ја понесоа својата група во величините.

Овие фотографии треба да се закачат во секоја училница, во секое училиште во Македонија.

Секое утро учениците треба да им се поклонуваат.

Од овие луѓе треба да ги учат вистинските вредности.

Најмалку еднаш во неделата треба учениците да гледаат клипови:

- Како Лазаров ги кине мрежите на сите светски голмани и е апсолутен рекордер во сите ракометни параметри и на свои 40 години ја поведува на свој грб следната генерација кон следните височини.

- Како Гранде Пандев си поигрува со сите противнички дефанзивци, и на свои 38 години на свои грб ја понесе цела репрезентација во височините на оваа игра.

Човек кој и покрај тоа што има освоено сѐ што може да се освои, сепак би ги заменил сите титули само за успех со Македонија

- Како Столе, балерината во тело од мечка на свој грб ги носи сите противнички играчи и сепак ги полни со голови. Човек кој знае со еден поглед да ја крене цела нација на нозе.

- Како Ѓоргиев, како вистински спартанец и лидер во вистинска смисла на зборот, ја понесе цела генерација одбојкари на ЕП и онака гордо и мангупски ги згази домаќините од Словенија кои впрочем играа и финале на тоа ЕП

- Како Илиевски, со она неговото легендарно "леле луѓе што направивме" ја крена Македонија помеѓу најдобрите 4 репрезентации во Европа. Нешто што ни најголемите оптимисти не го очекуваа.

Не само заради нивниот огромен спортски талент, туку многу повеќе заради нивната човечка големина, карактерна моќ, лидерство...

Тоа се луѓе кои, секој на свој начин му пркосеа на синдромот на ниска вредност и ја понесоа својата група во величините.

Во исто време се големи родољуби, кои освен талентот ги понесува нивната огромна национална свест.

Затоа ќе живее Македонија!!!

И се додека имаме вакви луѓе, Европа и светот мирно ќе стојат на македонската химна.

Kiril Kotevski, 2020