Македонија ја збриша Црна Гора убедливо и квалитетно со 3:0, за историски пласман во осминафинале кое ќе го игра во Бари. Капитенот Никола Ѓоргиев ја запеа македонската химна и ја крена цела сала.
Европската одбојкарска федерација стокми топ 5 листа на најдобри потези од квалификацискиот турнир за ЕП кој се одигра во Скопје. Два се дело на Никола Ѓоргиев од кој едниот е прво место.