Литванија 2011-та веќе стана далечна приказна на која бевме горди и во неверување дека на Европско првенство во кошарка, Македонија има сили и квалитет да стигне до полуфинале.
Од тогаш се случи голем пад во машката кошарка, а пак женската не знае кај тера. Посебно во категорија од каде треба да се црпат таленти и да се гради костурот меѓу сениорките.
Најновата вест на оваа тема едноставно посакувавме да не е точна, посебно во вакви убави олимписки денови.
Женската кошаркарска репрезентација до 18 години на ФИБА „Челенџерот“ во Софија, ако ви се верува загуби со 88:22. Не дека бевме фаворити, ама да загубиш со 66 поени разлика е катастрофа и срам за сите пари.
Си ја земавме бељата да ѕирнеме статистика и да видиме како се движел резултатот по четвртини.
Замислете нашите кошаркарки во првата и последната четвртина не успеале ни кошот да го погодат. Првата ја загубиле 34:0, а последната 30:0. Каков резил е ова.
Од 22-та поени ,13 дале во втора, а 9 во трета четвртина, а најпрецизна кај избраничките на Јелена Антиќ била Марија Димитриевиќ со 7 поени.
Па уште и го има цел натпревар