
На 14 септември 2011-та година Македонија беше во транс откако Владо Илиевски ја постигна најважната тројка во историја на македонската кошарка.
Настрада домаќинот Литванија кој го урнавме во четвртфинале и остваривме историски пласман во друштво на најдобрите 4 европски селекции. Таму беше тешко за уште една сензација бидејќи ни паднааа Шпанците кои си заминаа позлатени.

И седум години подоцна не можеме, а да не се потсетиме на Марин Докузовски и неговите златни момци кои ја донесоа една од најголемите радости за македонскиот спорт од осамостојувањето на земјава.
На ЕП 2011 во составот беа: Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Тодор Гечевски, Ѓорги Чековски, Владо Илиевски, браќата Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Предраг Самарџиски, Димитар Мираковски, Марко Симоновски, и Ивица Димчевски.

Во групната фаза на првиот меч Македонија загуби од Црна Гора и потоа ги потопи сите: Хрватска, Грција, Финска и БиХ. Во мечот за трето место загуби од Русија и си замина дома со историско четврто место.
Одиме со видеата од кои никогаш не е доста.