Таг: Литванија

Патешествието на кошаркарите до Литванија кои не спиеа синоќа

Ослабени без Нено Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс, кои паралелно имаа клупски обврски во Евролигата, македонската кошаркарска репрезентација беше немоќна против фаворитот Литванија, која иста така во Скопје дојде ослабена. Ги чека долг пат за реваншот, слично како за на апсолвентска екскурзија.

Полска и Литванија радо би да ловат избегани Украинци

Министрите за одбрана на Полска и Литванија, без никој да го побара тоа од нив, ветија дека ќе почнат да приведуваат и депортираат Украинци на нивна територија кои ја напуштиле Украина за да избегаат од регрутација.

Србија ја потопи Литванија и завери полуфинале

Момците на Светислав Пешиќ ја прегазија Литванија и се изборија за место во топ 4 на Светското кошаркарско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Автогол на сезоната од кој боли образ и зуе уво

Несреќа во Купот на Литванија. Да не знаеш кого повеќе да жалиш.

Литванија претрпе руски хакерски десант

Руската хакерска група Килнет ја презеде одговорноста за неколкудневниот ДДОС напад врз повеќе литвански јавни сервиси.

Ќе пукне ли и втор фронт во Европа?

Со некои си 60-на километри должина, Сувалки коридорот е парче земја меѓу Полска и Литванија што го одделува руски Калининград од најблиското парче сојузничка територија, Белорусија. Деновиве Литванија одлучи да го ограничи железничкиот товарен сообраќај и снабдувањето на Калининград.

Најбезобразниот гол на Европското ракометно првенство 2022

ЕХФ ЕУРО на Твитер потсетува како Литванците се снајдоа против Норвешка кога беа во ситуација под пасивен напад. Имаа можност за едно додавање, ама не го искористија. Аиденас Маласинскас ќе ви покаже во што е штосот.

Дали "Z" ќе се израмни со нацистички симбол?

Членови на литванскиот парламент предложија изедначување на буквата „Z“ и црно-портокаловата лента на Свети Ѓорѓија, со нацистичките и комунистички симболи.

Пијани германски војници пак паднаа на Хитлер

Околу 30 германски војници се отповикани од воените вежби во Литванија заради обвинување за расистичко и антисемитско однесување, надополнето со сексуално насилство.

Какво беше најголемото ривалство во европската кошарка: Сабонис VS Дражен

Дражен Петровиќ и Арвидас Сабонис играа на различни позиции. Првиот беше плеј, а вториот центар. Но тоа не го менува фактот дека двете легенди имаа многу заеднички нешта.

Литванскиот селектор кој со право збесна и удираше по маса

Во решавачкиот меч за пласман во четвртфинале, Литванија претрпе голема судиска неправда откако при резултат 76:75 не беше досуден контакт со обрачот од страна на францускиот центар после второто промашено слободно фрлање. Селекторот на Литванија Даиниус Адомаитис беше бесен како рис на пресот. Со право би се рекло.

Кога ќе тргне наопаку, тргнато е

Куп на Литванија: Шеулеи против Паневежис. Гостите победиле 1-6 а единствениот гол што го примиле бил по нивна грешка.

Тројката на Владо не излегува од глава

Во денови кога репрезентативната кошарка ни е на претквалификациски патеки, убаво е човек да се потсети на денов кој се покажа дека сме можеле и можеме мноооогу повеќе од ова сега.

„Не знаев да сменам ни сијалица, а сега играм во Барса со Меси“

Уште една сјајна исповед на голема супер ѕвезда за The Players Tribune. Паулињо раскажува што сè го снашло во животот и како го зачуди светот кога од кинеската лига каде игра на заоѓање на кариерата, потпиша со Барселона.

Чудата на Жалгирис со Јасикевичиус - главното откритие во Евролига

Кошарката е традиционално спорт број еден во Литванија, земја која редовно игра на завршниците од Светските и Европските првенства, а овојпат првпат после 1999-та кога даде шампион во Евролигата, ќе има претставник на Фајнал Фор.

Навали народе, сезонска влезница за 20 евра

Не сме само ние за жалење со таа кутра македонска лига која никако да живне. Што да каже Литванија каде цената на еден фудбалски натпревар може да достигне и до неверојатни едно евро. Показател за квалитетот кој го нудат.

Тебе Коларов да не ти е професор?

Ваидас Славицкас од Литванија, за нас тотален анонимус, изгледа со 10-та го положил испитот по распалување проектили кај Александар Коларов. Од преку 30 метри и тоа од место. Честито мајсторе.

Ваков удар во агол нема голман што може да го одбрани

Во Литванија падна гол во најгорниот можен ќош од аголот кој не го брани ни Буфон, ни Донарума, ни било кое друго голманиште. Мапемба од Струмбас извади необично оружје од таа позиција кое вреди да се види.

Да не се заборави

Во цитуација која кошарката нѝ е ЃОН, останува да се потсетуваме и радуваме на минатото. 14 септември е вистинскиот датум за такво нешто. Тројка на Владо, Македонија 4-та во Европа, плоштадот полн до даска.

Почнува Европското првенство во кошарка без Македонија

Како ретко кога досега, Европското во кошарка ќе мине без најголем број ѕвезди кои претежно играат во НБА и кои не добија зелено светло од франшизите за настап во Турција, Романија, Финска и Израел.

Привлекување странски инвестиции, поинаку

Литванија гори од желба следната фабрика на Тесла да биде изградена на нивна земја. За да му го привлечат вниманието на Маск, создале виртуелна Тесла фабрика во играта Мајнкрафт. Да види човекот како убаво ја личи.

Колку заработуваат странците сезонава во НБА

Не е мал бројот на кошаркари кои ќе потпишат договор во НБА, нема да задоволат таму и се враќаат назад во Европа а американските франшизи и натаму ги плаќаат до крајот на договорот. Народски кажано клати врата-земај плата. Колку реално земаат странците кои играат во НБА?

Литванскиот Дрвоускас пред празен гол

Каролис Квилдис на мечот ФК Кауно Жалгирис - Лиетава во Литванија, покажа дека во фудбалот понекогаш не е најважно да го поминеш и голманот. Со маалски речник „дрво дрво гаѓа“. За малерот по Квилдис да биде поголем, Жалгирис загуби 0:1.

Најлошиот пенал во историјата на Литванија

Се играше меч од Купот на Литванија меѓу второлигашите Силуте и Силас кој заврши 0:0. Следуваа пенали, а таму се прослави гостинскиот фудбалер Гитис Сиугзда.