Србија ја потопи Литванија и завери полуфинале

Момците на Светислав Пешиќ ја прегазија Литванија и се изборија за место во топ 4 на Светското кошаркарско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Селекцијата на Србија стана првиот полуфиналист откако целосно ја надигра Литванија и на крај ја сопре на само 68 поени, со конечен резултат од +19 поени разлика 87:68. Истата репрезентација која на САД и даде 110 поени.

Натпреварот не понуди неизвесна кошарка со исклучок на првата четвртина во која Литванија имаше во еден момент предност од 18:12.

Србите фатија ритам во втората четвртина и предводени од лидерот Богдан Богдановиќ играа многу подобро и ја добија со 25:13, за предноста на полувреме од 49:38.

Клучната серија на мечот ја направија во третата четвртина која изнесуваше 17:4 и со +18 веќе ја најавија борбата за медал.

Литванците беа тотално излезени од ритам, без никакви шанси за кам бек, за што говори и фактот што во последната четвртина Србија имаше највисоки +25.

Најефикасен на мечот беше Богдан Богдановиќ со 21 поен од кои 18 во првото полувреме. Филип Петрушев заврши со 17, а Стефан Јовиќ со 11.

Во полуфинале, Србите ќе играа со победникот од дуелот Канада - Словенија кој се игра утре со почеток од 14:30.

Богдановиќ ги растури Литванците во прво 

5 септември 2023 - 12:38