Нападот е одмазда за блокадата на Калининград воведена од Литванија, а вилнус очекува дека нападите ќе се повторат посебно во комуникацискиот, енергетскиот и финансискиот сектор.
Најсериозниот напад е врз Безбедната национална мрежа за трансфер на податоци, која поврзува над 450 државни институции, министерства, агенции, болници, судови, затвори...
Килнет тврди дека нападнати и соборени се и сите електронски сервиси на Врховниот административен суд на Литванија, сајтот на литванските аеродроми, литванското УЈП, телеком провајдерот Телиа и мобилниот оператор БИТЕ.
Инаку Килнет е хакерска група со наклоност кон Русија која се појави на почетокот од годинава и меѓу другото почна да нуди ДДОС напади како сервис за претплата од 1.350 долари месечно. По почетокот на војната во Украина, Килнет ги стави своите капацитети во одбрана на Русија.