Навали народе, сезонска влезница за 20 евра

Не сме само ние за жалење со таа кутра македонска лига која никако да живне. Што да каже Литванија каде цената на еден фудбалски натпревар може да достигне и до неверојатни едно евро. Показател за квалитетот кој го нудат.

Сезоната во литвансиот фудбалски шампионат заврши во ноември месец со бедна бројка од 6 екипи, а прв на табела беше Судува кој со 4 бодови предност пред Жалгирис го освои првенството.
 
Токму актуелниот првак на Литванија базиран во Маријамполе, седмиот по големина град во Литванија со 36,628 жители ги објави цените на влезниците за новата сезона.
 
А тие циркуз, се движат од 2 до 3 евра, а за тие што се претплатени има други привилегии. Цените се по 1,25 евра по натпревар, а добиваат и специјални попусти за европските натпреварувања.
 
Најскапата варијанта е да купиш карта на денот на одигрување кога чини 3 и 5 евра, а најевтина да се обезбедиш на време со сезонски билет од 20 евра.

Судува има друг ценовник за деца до 12 години, студенти, пензионери и луѓе со посебни потреби. Тие добиваат 50% за натпреварите во домашното првенство и купот.
 
Инаку кога сме кај Литванија клубот Паневезис се пофалил дека купил напаѓач од Ангола кој важи за голема ѕвезда. Се вика Баркли Мигул Панцо и всушност тој до сега не бил дел од ниту еден прволигашки фудбал.
 
Кариерата ја почнал во КПР во Чемпиошип лигата, а потоа настапувал за аматерски француски екипи. Повик за репрезентација добил во 2015-та и од тогаш има само 3 настапи и 1 гол.

Дел од литванското првенство е Тракаи, екипата која беше елиминираната во квалификациите за Лига Европа од Шкендија.
 
Сепак има и една позитивна вест за оваа лига. Сезонава лиценца добиле не 6, туку 8 прволигашки клубови.
2 февруари 2018 - 12:47