Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Тодор Гечевски, Ѓорги Чековски, Владо Илиевски, браќата Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Предраг Самарџиски, Димитар Мираковски, Марко Симоновски, и Ивица Димчевски предводени од Марин Докузовски пред шест години испишаа нова историја за македонската кошарка која кој знае кога пак ќе ја повториме.
Големиот ден беше 14 септември 2011-та година кога на Евробаскетот во Литванија го шокираа домаќинот со онаа славна тројка на Владо Илиевски која не излегува од меморија.
Полуфиналето веќе беше преголем залак, бидејќи нѝ падна Шпанија која тогаш го освои првенството, а во мечот за трето место загубивме од Русија.
Претходно во групната фаза на првиот меч Македонија загуби од Црна Гора и потоа им се случи потоп на сите: Хрватска, Грција, Финска и БиХ. Одиме со видеата кои не се досадни колку и да ги гледа човек.
Што убаво изгледа табелава