Привлекување странски инвестиции, поинаку

Литванија гори од желба следната фабрика на Тесла да биде изградена на нивна земја. За да му го привлечат вниманието на Маск, создале виртуелна Тесла фабрика во играта Мајнкрафт. Да види човекот како убаво ја личи.

Водачот на проектот изјави дека со него сакаат да му пратат порака на извршниот директор на Тесла дека Литванија располага со многу вешти и обучени луѓе, како и со идеални локации за неговата нова фабрика.

Виртуелната Тесла во Мајнкрафт била подигната за два дена од 41 компјутерски гик, кои ја сместиле во централна Литванија, во близина на хидроцентрала и два аеродроми.

Не е утврден датумот кога ќе се објави следната локација на фабриката, но се знае дека Маск во неа ќе инвестира околу 5 милијарди евра.

Последната нивна гига-фабрика за батерии лоцирана во Невада ќе го има најголемиот соларен покрив на светот.

Е не, ќе се замајаваат со приказни дали ќе се врати евтината струја.

***

Ако не успеат со Тесла, Литванците имаат озбилна утеха во фактот дека барем мажоретките им се струја: