Годинава површината на фабриката на Тесла во Фремонт беше зголемена за речиси два пати и достигна речиси 92 хектари. Ова е само под кров, не целиот плац на кој се наоѓа фабриката. За споредба површината на целиот плац на поренешен Охис (колку што ние можеме да премериме) изнесува 102 хектари.
Фокскон, тајванскиот производител со масовни работнички кампови и фабрики во Кина, кој меѓу другите составува електроника за Епл, планира отворање погони во САД.
Литванија гори од желба следната фабрика на Тесла да биде изградена на нивна земја. За да му го привлечат вниманието на Маск, создале виртуелна Тесла фабрика во играта Мајнкрафт. Да види човекот како убаво ја личи.