Компанијата во Висконсин ќе гради фабрика од 10 милијарди долари, која ќе произведува ЛЦД панели. Во фабриката би требало да се отворат 13.000 нови работни места и таа треба да биде завршена во 2020.
Бројките околу вработувањето се од гувернерот на Висконсин, од Фокскон проценките се дека проектот ќе отвори 3.000 работни места, со "потенцијал" да генерира до 13.000 вработувања.
Кратко по инаугурацијата на Трамп, ЦЕО-то на Фокскон Тери Гу, почна со зборување за своите планови за инвестирање на над 7 милијарди долари во фабрика за производство на дисплеи, која би требало да создаде околу 50.000 работни места.
За изградбата на фабриката во Висконсин, Фокскон доби субвенции во износ од 3 милијарди долари. Деталите за тоа што точно има во пакетот субвенции, допрва треба да бидат објавени.
Во 2013, Фокскон објави планови за изградба на фабрика во Пенсилванија од 30 милиони долари. Нејзината изградба допрва треба да почне. Компанијата веќе има свои објекти во Вирџинија и Индијана во кои вработува нешто помалку од 1.000 луѓе.
Во пик сезона, Фокскон во Кина вработува над 1 милион луѓе.