Таг: илон маск

Дали Илон ќе биде мостот меѓу Трамп и Ши?

Од една страна Маск е еден од најголемите донатори на претседателската кампања на Трамп, од друга страна тој е и еден од најповластените странски инвеститори во Кина, каде пак се произведуваат половина од сите Тесла автомобили.

Калифорнија му забрани лансирање ракети на Илон заради твитање

Калифорниската крајбрежна комисија го одби планот на американската авијација да му се даде дозвола на Спејсикс да лансира до 50 ракети годишно од Вандерберг базата во Санта Барбара. Причина, твитовите на Илон.

Илон под истрага за твит

Американската Тајна служба започна со истрага на Илон Маск откако овој по вториот обид за убиство на Трамп на Икс напиша дека е малку чудно што никој не се обидел да изврши атентат врз Бајден или потпретседателката Камала Харис.

Америка нема каде освен во банкрот

Соединетите држави плаќаат 1.000 милијарди долари годишно само за камати на долгот што го имаат, а на секои три месеци нивниот долг се зголемува за нови 1.000 милијарди долари. Со вакво однесување, неизбежно е тоа да биде на секои 2 месеца, барем според математиката на Маск.

Илон да се уапси за немирите во Англија

Како што британските власти решија дека социјалните мрежи им се виновни за немирите во земјата, а не катастрофалните отворени граници и останати политики, така либерален Гардијан повикува на апсење на Илон Маск затоа што дозволувал на Твитер се да се каже.

Спејсикс доби дозвола да ја уништи Меѓународната вселенска станица

Компанијата на Илон Маск доби пари и дозвола да изгради летало кое ќе ја повлече над 450-тонската Меѓународна вселенска станица назад на Земјата и ќе ја сруши директно во океан.

Ич да не го мислите Маск за 25-те милијарди изгубени во Твитер

И во овој минус има цела една корпоративно-даночна математика која одлично ги покрива сите загуби, без разлика колку милијарди биле.

Како Илон го гледа светот

Фридман му беше домаќин на Илон и го расчачка милијардерот за војните што се случуваат денес, за потенцијалниот иден конфликт меѓу САД со Кина, плус некои теми што повеќе го интересираат како СпејсИкс и Грок, неговиот проект за ВИ.

Х вреди 19 милијарди долари, од 44 пред една година

Документи кои Х ги споделил со своите вработени покажуваат дека вредноста на компанијата е падната за 55% од времето кога Илон Маск ја купи за 44 милијарди долари.

Стариот Твитер беше државен медиум

Зборовите се на човекот што го купи стариот Твитер, според кого платформата „целосно била контролирана од крајната левица.“

Маск сепак бил на линија со Путин по почетокот на војната

Илон Маск известил функционери од Пентагон дека телефонски лично разговарал со рускиот претседател, по почетокот на руската инвазија во време кога неговиот Старлинк сателитски интернет беше масовно распоредуван низ Украина.

На Твитер веќе нема да има „ме блокнал“

Опцијата за блокирање корисници на Твитер ќе биде укината од социјалната мрежа, бидејќи, како што објасни Илон Маск, таа нема многу логика.

Атлантик го прогласи Твитер за социјална мрежа на крајната десница

Ако во времето на претходните сопственици Твитер беше пекол, по доаѓањето на Илон Маск во овие неколку месеци тој се претвора во платформа која не може да се разликува од „пустелијата на алтернативните социјални мрежи како Трут соушал и Парлер. Тој сега е десничарска социјална мрежа,“ се порачува во текстот на Атлантик.

Над Твитер бел чад, Илон најде новa директорка

Илон Маск во еден твит објави дека се повлекува од позицијата ЦЕО на Твитер, дека оди на позицијата ЦТО (технолошки директор), дека има најдено замена и дека е жена.

Маск и компанија побараа запирање на трката за развивање на вештачката интелигенција

Маск, Вознијак и Стујарт Расел од Беркли, се меѓу 1.100 технолошки лидери и експерти кои повикаа на шестмесечна пауза во обучувањето на системи за вештачка интелигенција попаметени од ЧатГПТ 4, како би се дозволило време за развивање на заеднички безбедносни протоколи.

Илон би владите низ светот малку да се раздвојат меѓу себе

На сред нешто што се вика Самит на светска влада видео обраќање имаше Илон Маск, со порака дека светските елити, присутни или не на самитот, треба да олабават со идејата за светска влада.

Илон обвини дека две фирми ја контролираат американската берза

Заради подемот на пасивно инвестирање на берзата (пример купување удел во заеднички фонд, наместо директно во компанија), трети компании кои се појавуваат како прокси-советници имаат стекнато преголемо влијание на берзата, тврди Илон Маск.

На Маск му стасува ратата за кредитот за Твитер

За еден посериозен дел од цената на Твитер, Маск, иако на хартија ги има парите, зема кредит од банка во износ од 13 милијарди долари и некаде кон крајот на јануари ќе треба да ја плати првата рата од кредитот, што на овие пари изнесува 1,5 милијарди долари.

Акциите на Тесла се урнисаа за 70%

На оригиналниот Тесла (за пријателите: Никола), работите му тргнаа на лошо кога му се запали лабораторијата на Петта Авенија. За Тесла на Илон Маск падот почна кога неговиот газда самоиницијативно реши да гори во пеколот наречен Твитер.