По масовните критики Маск го избриша твитот, објаснувајќи дека само се шегувал, меѓутоа истиот веќе беше виден од Тајната служба која има должност да утврди дали некој човек претставува директна закана за некои од луѓето што ги штитат.
Од Тајната служба само пренесуваат дека имаат досие за постот на Маск и дека тоа се прави за службени потреби, но бидејќи истрагата е во тек, не можат ништо дополнително да соопштат.
Процената е дека не е во прашање ништо страшно и најлошото што може да му се случи на Маск е да добие посета од Тајната служба кога ќе мора да докаже дека не претставува директна закана за Бајден и Камала. Исто така сосема е возможно и властите никогаш да не го посетат Маск.
Откако го избриша твитот, Маск на Икс напиша:
„Една од работите што ги научив е дека само затоа што сум кажал нешто пред група луѓе и тие се насмеале тоа не значи дека ќе биде и пресмешен пост на Икс.“
Подоцна во друг пост, Маск дополнува „излезе дека шегите се далеку помалку смешни ако луѓето не го знаат контекстот и испораката на шегата.“