„Изминативе месеци лабораториите за вештачка интелигенција влегоа во неконтролирана трка за развивање и пуштање на продукција на уште помоќни дигитални умови кои никој - дури ни нивните креатори - не можат да ги разберат, предвидат и со сигурност да ги контролираат.
Моќните системи на вештачка интелигенција треба да се развиваат само откако ќе бидеме доволно сигурни дека нивниот ефект ќе биде позитивен а нивните ризици лесни за управување,“ пишува во отвореното писмо објавено на страницата на Институтот Фјучр оф лајф.
Експертите бараат програмерите да работат заедно со луѓето што ги носат политиките како би се создал систем за управување со АИ и тела за негов надзор, а доколку големите „играчи“ не го прифатат ова, тие ги повикуваат владите да интервенираат во развојот на АИ системите.
Петицијата следува откако изминативе месеци во продукција беа пуштени серија АИ проекти кои уверливо пишуваат мејлови, текстови и создаваат уметност. Најновата, четврта, верзија на ЧатГПТ, успешно може да реши тестови како адвокатски испит.
Писмото е и продолжение на тензиите меѓу Маск и ОпенАИ, лабораторијата основана во 2015 како непрофитна во која Макс беше ко-претседател заедно со Сем Алтман, кој е и ЦЕО. Маск објаснува дека ОпенАИ е замислен како отворена алатка на јавноста и противтежа на сите слични проекти кои ги развиваат големи приватни технолошки гиганти.
Маск го напушта ОпенАИ во 2018, а во 2019 го критикува отворањето на ОпенАИ ЛП која повеќе не е непрофитна. Тогаш Илон пишува дека ОпенАИ станала компанија „за максимум профит која во пракса е контролирана од Микрософт“.