Пензионираниот американски генерал и поранешен директор на разузнавачката Национална агенција за безбедност именуван од Трамп, Пол Накасоне, е назначен за член на бордот на директори на најуспешната ВИ компанија на светот, ОпенАИ.
Суперкомпјутер што користи милиони специјализирани серверски чипови наменет за вештачка интелигенција и со цена од 100 милијарди долари е новиот заеднички проект на кој работат Микрософт и ОпенАИ.
До минатата недела правилата за користење на Чатгпт експлицитно забрануваа нивната технологија да се користи за воени потреби. Сега веќе не се толку строги.
Без да се оспорува улогата на Сем Алтман во создавањето на ЧатГПТ, консензусот е дека Русинот Илја Суцкевер (инаку ко-основач на ОпенАИ) е генијалецот зад целиот проект и достигнувањата што ги имаат во полето на ВИ. Пред некое време тој објасни како според него треба да изгледа коегзистенцијата меѓу човештвото и вештачката интелигенција.
Пред Сам Алтман да биде избркан од ОпенАИ, неколку истражувачи вработени во компанијата напишале писмо до бордот на директори во кое предупредуваат дека Алтман дошол до откритие околу вештачката интелигенција кое би можело да се претвори во закана за човештвото, објавува Ројтерс.
Исклучително пристојната индустрија зад вештачката интелигенција во петокот беше раздрмана од неочекуваната одлука за отпуштање на ЦЕО-то на ОпенАИ и еден од ко-авторите на ЧатГПТ, Сем Алтман. Се работи за исклучително важен лик, кој стои зад веројатно најважниот изум по интернетот, што само по себе е премногу големо за да мине без неколку верзии на настаните.
Маск, Вознијак и Стујарт Расел од Беркли, се меѓу 1.100 технолошки лидери и експерти кои повикаа на шестмесечна пауза во обучувањето на системи за вештачка интелигенција попаметени од ЧатГПТ 4, како би се дозволило време за развивање на заеднички безбедносни протоколи.
Засега највпечатливото издание на вештачката интелигенција, ЧатГПТ, за време на тестирањата за четвртата верзија како дел од задачите ангажирал човек за да му реши една CAPTCHA што требал да ја совлада.
На пуштањето во погон на 4-та проширена и надградена верзија на ЧатГПТ, ЦЕО-то на компанијата, Сем Алтман, јавно призна дека и тие се малку извадени од памет, и предупреди дека „технологијата доаѓа со вистински опасности.“
Една недела откако прави рецензија на новата верзија на Бинг пребарувачот на Микрософт кој по ново има интеграција на чатбот (базиран на ЧатГПТ), колумнистот на Њујорк тајмс се враќа да домуабети со чатботот, кој ете решил да се отвори пред него.